1. Кои сме ние?
WEBRevolucija е IT студио за информатички усуги и компјутерски дизајн формирано во 2005 година. Од 2006 година WEBRevolucija станува овластен дистрибутер на Artvertex, Inc.- глобален лидер во Е-Комерција.
WEBRevolucija им нуди на своите клиенти вредно и незаборавно онлајн искуство преку разновидност од производи и услуги. Главна ориентација на компанијата е Web дизајн и хостинг, но дава осврт и на други ИТ производи и услуги.
2. Што се треба да направам за да имам веб сајт за мојата компанија или мој личен веб сајт?
Ви требаат 3 работи:
- Да регистрирате ваш или домејн на вашата компанија. Тоа би било нешто како следниве примери: www.mojakompanija.com, www.mojvebsajt.org, www.sakamweb.com.mk или слично
- Да закупите хостинг простор каде што ќе се наоѓа вашата веб страна и ке биде достапна за секого, насекаде во светот 24 часа 7 дена во неделата
- Да направите веб страна која ќе го претставува вашиот бизнис или вашата индивидуа.
За сето ова ќе се погрижи WEBREVOLUCIJA. Се што треба да направите е да не контактитрате. Заедно ќе одбереме решение кое вам најмногу ви одговара.
3. Одбрав веб/флеш страна. Што треба следно да направам?
Доколку ви се допадна некој од нашите производи, запомнете го или запишете го Item Number кој ќе го прочитате во деталниот преглед на производот.
Контактирајте не на нашите e-mail адреси и задолжително наведете го Item No. за кој што сте заинтересирани. Ке добите повратен одговор најдоцна за 24 часа по што ќе се договориме за деталите околу изработката на веб страната или некој од нашите производи, името на вашиот домејн и хостинг пакетот кој ќе го одберете.
Изработката на производот започнува со уплата на 30% од вредноста на чинење на проектот на нашата сметка. По завршувањето на проектот во договорениот рок, следи регистрација на вашето домејн име и активација на хостинг пакет, со што треба да се доплатат и остатокот на средствата.
Од овој момент вашата веб страна ќе биде достапна за секого, насекаде во светот 24 часа 7 дена во неделата.
4. Зошто WEBREVOLUCIJA?
Затоа што WEBREVOLUCIJA нуди неограничен избор, одличен квалитет и секогаш достапна поддршка. Затоа што односот квалитет и цена е направен според вашите потреби и сигурно ќе ви се допадне. Затоа што е време за вашата вредна и незаборавна онлајн презентација која ќе биде достапна за секого, насекаде во светот 24 часа 7 дена во неделата.